С О О П Ш Т Е Н И Е
за запишување на ученици во прво одделение во учебната 2011/12 год.
Во прво одделение се запишуваат деца родени во 2005 год. кои до крајот на календарската година ќе наполнат 6 години и деца родени до 31 01.2006 год., по пртходно барање на родител и добиено мислење од педагог и психолог.
Основното училиште ги опфаќа учениците од својот реон утврден од основачот на основното училиште.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
1.Извод од матична книга на родените.
2.Потврда за примени задолжителни вакцини издадени од надлежна здравствена установа.
3.Задолжително присуство на ученикот и еден родител.
Уписот започнува од 03.05.2011 год. и трае до 31.05.2011 год. во просториите на училиштето.
За други информации може да се обратите кај стручната служба во училиштето или на телефон 2440-011
Директор,
Бранкица Костадиноска