На ден 13 Ноември 2010 година во приватниот Турски Колеџ “Yahya Kemal”- Автокоманда се одржа вториот математички натпревар “Вртелешка”. Натпреварот се одвиваше помеѓу основните училишта од општината Аеродром:
“Љубен Лапе”, “Димитар Македонски”, “Браќа Миладиновци”, “Гоце Делчев”, “Блаже Конески” и “Лазо Ангеловски”.
Untitled-2
На овој натпревар нашето училиште (“Димитар Македонски”) го освои второто место. Во нашиот тим учествуваа осмооделенците: Елена Блажевска, Ангела Ристовска, Стефанија Убавкова, Симона Колевска и Јована Зајкова. Првото и третото место ги освоија училиштата “Љубен Лапе” и “Браќа Миладиновци”.
Untitled-2
Натпреварот се состоеше од две нивоа: елиминациско и натпреварувачко, а победник беше она училиште кое по истекувањето на вториот час имаше најмногу поени. Клучот на успехот беше тимската работа, вештината и брзината. По завршувањето на натпреварот следуваше пауза за ручек, на која судиите беа задолжени да ги пресметаат поените и да го прогласат победникот.Untitled-3
На првите три училишта од страна на директорот, заменик директорот и професорот по математика им беа доделени дипломи и медали за постигнатиот успех..
Untitled-4
Се на сe, целиот тим беше многу задоволен од организацијата и подготвеноста на вработените кои топло не пречекаа и за нас ова беше едно убаво искуство. =D