По однос на пропишаните стандарди врз основа на претходно склучениот Меморандум за соработка на Министерството за образование и наука на Р.Македонија со Отсекот за заштита на животната средина на Европската Унија, ОУ,,Димитар Македонски,, – Аеродром во својата годишна програма за работата на училиштето-2010/2011 год. ја внесува програмата: “Интеграција на животната средина” во својот воспитно-образовен процес за учебната 2010/2011 година. Имено, ОУ,,Димитар Македонски,, и минатата учебна година 2009/2010, во свои рамки преку реализација на седумте фази ја имплементираше истата програма во соработка со невладината Еко организација- ОХО , самошто истата не беше официјализирана.
ОУ,,Димитар Македонски,, – Аеродром ја внесува програмата за заштитата на животната средина во својата годишна програма, правејќи ја истата свој нераскинлив, составен дел и со тоа и ја официјализира по однос на препораките од потпишаниот Меморандум на Европската Унија со Министерството за образование и наука на Р.Македонија.
Исто како и минатата, така и оваа учебна година, училиштето ќе има многу посериозна задача преку разработка и комплетирање на седумте фази и да ја внесува Еко програмата во училишни рамки и континуирано и постепено да ја менува свеста за заштита на животната средина; како и подинување на нивото на свесно размислување за значењето кое го има животот во чиста и еколошки здрава животна средина и околина; но ова се само дел од пропишаните цели за заштитата на животната средина, нејзиното чување и одржување за придобивки не само на вработените и учениците во ОУ,,Димитар Македонски,, – Аеродром, туку и на сите оние кои се во постојан посреден или непосреден допир со нашето училиште.
Со почетокот на учебната 2010/2011 година, училиштето ќе треба да помине низ седумте Еко фази и тоа:
1. Формирање на Еко Одбор;
2. Анализа на состојбата на животната средина;
3. План на активности;
4. Следење и евалвација на напредокот;
5. Поврзување на животната средина со наставната програма;
6. Информирање на пошироката јавност со работата на Еко клубот во ОУ,,Димитар Македонски,, – Аеродром;
7. Изработка на Еко кодекс
На почетокот на учебната година ќе се започне со Фаза 1 и тоа –
1. Формирање на Еко Одбор
Еко Одборот ќе биде најпрвин составен од наставници, ученици, помошниот пресонал, хаусмајсторот и заинтересирани родители преку анкети, прашалници и разни алатки за да може да се идентификуваат вистинските членови на Еко Одборот за да може да дејствуваат како тим да соработуваат; и истиот мора да биде хетероген.
Целокупната работа ќе ја започнат две наставнички – координатори и тоа: Ѓорѓиоска Љупка – координатор на програмата и Трајковска Татјана – претседател на Еко – одборот .
Еко одборот е суштината на целокупната методологија, затоа што од него ќе зависи целокупната понатамошна реализација на сите останати фази од Еко програмата. Истиот ќе поминува заедно низ сите фази, детално ќе ги разработува и комплетира и исто така будно ќе ја следи тековната состојба во сите сфери и аспекти за заштита на животната средина. Еко Одборот ќе се придржува кон пропишаните Еко стандарди и тоа:
• Заштеда на електрична енергија
• Заштеда на вода
• Оддржување на училишната зграда и здрава средина во училиштето
• Уредување на училишниот двор
Во понатамошната своја работа Еко Одборот ќе треба да се насочи преку својата работа на еден од пропишаните Еко стандарди, за кој смета дека е најакутен и дека нужно ќе бара истиот итно да се реши, но истовремено ќе води грижа и за сите останати аспекти од останатите пропишани Еко стандарди. Ништо не смее да изостане.Отакако ќе се помине низ седумте фази во текот на целокупната учебна година; на крај ќе треба да се изработи Еко кодекс како 7 ма фаза; кој Еко кодекс ќе биде официјален пропишан документ кон кој сите ќе се раководат и почитуваат; се до изработката на нов Еко кодекс итн. Еко Одборот својата работа ќе ја води преку работа на терен – во и околу училиштето и недостатоците, резултатите и целокупните согледувања ќе ги презентираат на состаноци со активно водење на записници.
Откако ќе биде формиран Еко Одборот и откако ќе се дефинираат целите, очекувањата и задачите што ќе треба понатаму да се имплементираат, се преминува на Фаза 2:
2. Анализа на состојбата на животната средина
Еко Одборот ќе треба најпрвин да ги разгледа и утврди пропишаните Еко Стандарди по кои и ќе работи и понатаму одлучува. Методологијата на Фаза 2 во случајов ќе се одвива со конкретно согледување на состојбите и регистирање на посточеката состојба по соодветните области и писмено забележување на недостатоците преку кои ќе произлезе Фаза 3- План на активностите. Покрај тоа што на лице место ќе се согледуваат состојбите, Еко Одборот, тимски, на конструктивни состаноци ќе ги одговори прашањата од Прирачникот: “Како да се стане Еко училиште?” и одговорите ќе се запишуваат преку посебни записници за секој пропишан Еко стандард. Од тие согледувања на тековната состојба со нормално многу или одредени недостатоци, училиштето на Еко планот самото ќе си направи самоевалвација и ќе ги утврди своите приоритети и ќе треба да одлучи на кој Еко стандард понатаму ќе работи како негова главна стратешка цел. Од анализата на состојбата на животната средина, на самоевалвацијата произлегува Фаза 3
3. План на активности
Планот на активности произлегува од Анализата на состојбата и во него Еко Одборот ќе треба да ги зацрта и дефинира идните приоритети коишто ќе треба да се сработат во иднина. По однос на одржување на конструктивнио состаноци Еко Одборот ќе има јасна задача да ги постави идните задачи што ќе треба да се остварат и нормално да го планира и состави идниот план на активности.
Во планот на активности ќе треба да се дефинираат задачите за секој Еко стандард. Се избира еден Еко стандард за кој Еко Одборот смета дека треба да се работи и на него се дефинираат задачите и развојните цели. Откако ќе биде утврден планот на активности, се оди на реализација на четвртата фаза и тоа:
4. Следење и евалвација на напредокот
Оваа фаза е доста карактеристична со тоа што истата се спроведува тековно, постојано и континуирано затоа што Еко Одборот во оваа фаза има мониторинг функција за да будно ја следи состојбата и напредокот; дали активностите од Планот за активности се реализираат; како оди работата; дали се добиваат очекуваните резултати; дали има напредок; позитивна промена и прогрес. Сите коментари на тековното согледување на состојбата се преточуваат во своевидни записи и се формираат т.н Еко патроли на ученици коишто одат во и околу училиштето и ја следат состојбата на поставените Еко стандарди. Посебен акцент се става на избраниот Еко стандард. Четвртата фаза не завршува тука- таа е долгорочна и води кон одржливост на целиот проект.
Понатаму, се преминува на Фаза 5
5. Поврзување на заштитата на животната средина во сите видови на наставни предмети
Оваа фаза е започната уште од почетокот, затоа што на сите наставници им беше дадена задача пред завршувањето на минатата учебна 2009/2010 год. да во нивните годишни глобални, тематски процесни и дневни планирања да ја вметнат заштитата на животната средина секој во својот предмет поединечно и со тоа да најдат одредени поврзувања на животната средина со предметот кој го предваат- и во одделенска и во предметна наства- без разлика дали се работио за природна, општествена или уметничка група на предмети. Со ова секој наставник е задолжен во реализацијата на наставните единици, нормално, онаму кадешто е возможно, да изврши или предавања или конкретни нагледни часови во природа според своето поврзување што си го направил по однос на својот наставен предмет. И фаза 5 се спроведува тековно – во текот на целата учебна година и откако истата ќе биде реализирана се преминува на Фаза 6
6. Информирање на пошироката јавност со работата на Еко клубот
Оваа фаза е исто така многу важна, затоа што Еко програмата не останува само во училиштни рамки, туку и пошироката заедница ќе има можност да се запознае со Еко активностите и истата може активно да се ажурира и да се вклучи во ширење на идејата за придржување кон воспоставените Еко стандарди. Нашето училиште, врши информирање на пошироката јавност со својата целокупна работа преку својата веб страница: www.oudimitarmakedonski.edu.mk
7. Изработка на Еко кодекс
Eko kodeks