На ден 14.03.2011г. во О.У.„Димитар Македонски“ беше организирано предавање на тема „Сообраќај“ и презентирано од страна на стручни лица вработени во Министерството за внатрешни работи. Предавањето беше следено од учениците од вторите четвртите одделенија во присуство на нивните наставници.
Предавањето опфати и видео презентација на цртан филм,преку кој учениците можеа лесно и на поедноставен начин да ги сватат правилата за однесување во сообраќајот, како и сите сообраќајни знаци и термини во сообраќајот. Сите правила беа практично демонстрирани од страна на учениците.

soob3
soob2
soob1