Еден свет, Еден дом, Едно срце

По повод Светскиот ден на срцето на 25.9.2011 година, под мотото „Еден свет, еден дом, едно срце!” Општина Аеродром во соработка со ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Македонија на детската улица „Тоше Проески” организираше хепенинг и бесплатни прегледи за граѓаните. На музичкиот хепенинг учествуваше и нашето училиште со ритмичка точка ,,Денот се буди,, од Калиопи Букле со учениците од трето одделение.
Целта на хепенингот беше подигање на јавната свест и промоција на превентивни мерки за намалување на појавата на срцевите заболувања и мозочните удари. Со одбележувањето на Светскиот ден на срцето се дава акцент на фактот дека превенцијата на срцевите заболувања треба да почне уште од најрана возраст. Родителите, училиштето и целокупното општество играат главна улога во контролата и одржувањето на телесната тежина, развојот на навиките за водење здрав начин на живот и намалување на главните фактори на ризик за појава на срцеви заболувања и мозочен удар во подоцнежната возраст.

ne3
ne2
ne1