Започна со употреба на Е-дневник во ОУ,,Димитар Македонски,,
По темелни подготовки од страна на администраторите во основното училиште ,,Димитар Македонски,, од Аеродром, Скопје, во соработка со тимот за техничка поддршка од Министерството за образование и наука на Република Македонија, започна користењето на електронската апликација Е-дневник.
Користењето на оваа електронска алатка за наставниците во училиштето е задолжителна, паралелно со веќе воспоставениот класичен начин на водење на дневник во рамки на воспитно образовниот процес за учениците. Користењето на оваа алатка е овозможено преку интернет комуникација, така што нема никакви ограничувања од каде физички ќе се пристапи кон апликацијата, со користење на интернет врска.
Родитетелите на учениците преку доставените е-mail адреса на одделенските раководители ќе имаат можност да се најават на системот, и да ги следат секојдневно постигнувањата на неговото дете. Оценките или пак изостаноците кои се направени во даден момент, наставникот е должен веднаш да ги внесе во системот, и автоматски овие податоци се достапни на увид на родителите преку оваа апликација. Дискрецијата и личните податоци се целосно обезбедени, од страна на апликацијата, така што родителите можат да ги видат податоците единствено само за нивните деца.

Контакти со тимот за корисничка поддршка за Е-дневник

konttakti so timot
kontakti
kontakti_3
kontakti_4

Почетна страница на дневник

korica

Распоред на часови

raspred na casovi

Евиденција на часови

evidencija na casovi

Преглед на изостаноци

pregled na izostanoci

Успех и поведение

uspeh i povedeni