Прекрасно место каде што се чувствува дека си одделен од остатокот на светот, обвиткан во снежна белина дел од учениците од нашето училиште „Димитар Македонски“ го посетуваат секоја година. Ова магично место се нарекува Бунец и се наоѓа во националниот парк Маврово. Тоа е доживување благодарение на наставникот Ставре Станковски, кој предава техничко образование во нашето училиште. Тој ни беше ментор и се грижеше са сите нас 17 ученици за време на целото случување кое траеше 6 дена.

                    Сите ние напорно се трудевме да го изградиме снежниот град. Оваа 2012-та година изградивме црковен храм и со него го освоивме 2-рото место.

                Чувството беше прекрасно кога на крајо на манифестацијата сите заедно гордо се сликавме пред делото кое го изградивме со сопствени раце. Снег имаше во изобилие, требаше само да го обликуваме најдобро што можеме.

                   Покрај напорот што  го вложувавме истовремено и многу се забавувавме, дружевме, смеевме, шегувавме… Се случија безброј пријателства и познанства со останатите учесници на снежниот град.

                  Имено покрај нашето училиште учество земаа и други училишта од Скопје и од некои други градови во Македонија. Во мислите веќе се подготвуваме за следниот Снежен град.

Викторија  Трајковска 7в