По обработување на наставната содржина – Работа со материјали ,учениците од IIa одделение со одделенските наставници Маја Христова и Марија Анѓелевска практично ги покажаа своите знаења и умеења. Работеа со природни материјали: песок, ткаенина, дрво и хартија,со кои ткаеја, шиеја, моделираа… Целта на оваа работилница беше учениците да ги откријат и запознаат својствата на различните материјали и да ги препознаваат со допир(мазно,рапаво), како и да развијат способност за обликување и комбинирање.