На 24.04.2012 година  за учениците од V одделение во училиштето се одржа предавање  по повод „Меѓународниот ден за заштита од бучава“.

Предавањето беше организирано од Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните „Превентус“ во соработка со Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Стручните лица презентираа информации за последиците и влијанието на бучавата врз здравјето на учениците.