Според програмата од предметот Истражување на родниот крај, четвртата тема
Стопанството во мојот роден крај, предвидува посета на фабрика, фарма, погон или
некој друг стопански објект.
Бидејќи во близина на нашето училиште има печатница со призводствен погон за
печатење на книги, весници и едномесечни списанија се одлучивме да ја посетиме.
Што се однесува до делот од проектот, во кој требаше да се запознаеме со изгледот и
начинот на функционирањето на една фарма, ние се одлучивме да направиме модели
од тесто за фарма и земјоделско стопанство.
Учениците на часовите по Истражување на родниот крај низ разговор читање
текстови и правење презентации се запознаа со значењето на фабриките, фармите и
замјоделското стопанство.
Се учениците од VIб тргнавме во посета на печатницата ,,Спеда Графика,,.Уште во
подготовките за посета разговаравме на тема како да се однесуваме во фабриката, да
не ги допираме машините бидејќи е опасно,да бидеме дисциплинирани и тивки за да го
чуеме главниот работник кој ќе ни го објасни процесот за печатање и вкоричување на
книгите.И на крајот да поставиме прашања кои не интересираат за фабриката.
При посета на фабриката учениците ги видоа производствените погони и поставија
доста конструктивни прашања, а потоа изработивме заеднички презентација за
изработените фарми и посетата во фабриката.