Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ е најстара граѓанска
организација во Македонија за заштита на правата на детето, основана на
29 април 1992 година. Со одбележувањето на 20-тиот роденден го започнува
одбележувањето на јубилејот.

По повод јубилејот 20 години од основањето се организираше изложба
на најуспешните цртежи, испратени од деца од сите градови на Република
Македонија. Нашето училиште ја имаше таа чест да учествува на таа изложба
со цртежи на учениците Александар Џинговски од 3б одделение и Теодора
Петровска од 4б одделение. На изложбата која се одржа во Драмски театар-
Скопје беа доделени Потврди на учениците и нивните ментори Лиле Велковска,
Маја Буклеска и Даница Марковска за учество на изложбата по повод јубилејот на
Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.