Гласајте за видеото „Време и традиција“ од Македонија, така што ќе кликнете пет ѕвездички под видеото кое се наоѓа на рускиот портал bridges.edu.yar.ru, поточно на линкот
http://bridges.edu.yar.ru/multimedia/gallery.html?action=images&id=3
42&age=125&view=all&page=18

о гласање за ова видео, Вие гласате за Македонија!

Станува збор за прв меѓународен
интернет проект на ОУ „Димитар Македонски” од Општина Аеродром каде се претставува нашата држава.

За да гласате кликнете на менито „Интернет голосование” каде што е потребно да се логирате со своја е-маил адреса и лозинка притиснувајќи на линкот за регистрација http://bridges.edu.yar.ru/multimedia/vote.html?action=register, по што ќе Ви пристигне потврдна е-маил порака.

Штом ја добиете потврдната е-маил порака треба да се логирате на синиот линк http://bridges.edu.yar.ru/multimedia/gallery.html, кој ќе Ве однесе на страницата каде што треба да кликнете на „12-14 лет” и ќе листате се до 18-та станица, каде се наоѓа видеото „Време и традиција”, под кој треба да се кликне на сите пет ѕвездички. Видеото може да се погледне доколку се кликне на икончето на видеото „Време и традиција”.

Пожелно е да го споделите линкот од гласањето со Вашите пријатели на некоја од социјалните мрежи како на пример, на фејсбук или твитер, чии икончиња се наоѓаат на дното на страницата каде што гласавте.

И уште нешто: побрзајте, бидејќи гласањето е ограничено до петок, а од еден е-маил може да се гласа само еднаш.

 

22.5.2012

Општина Аеродром