На 10.5.2012 година, во Младинскиот културен центар на свечена академија беа доделени наградите од ликовниот конкурс што го организираа Општина Аеродром и Европското движење на република Македонија по повод Денот на Европа.

По тој повод беа изложени ликовните творби, кои победија на ликовниот конкурс на тема „Европа на сите генерации“ и ликовните творби кои беа пофалени од страна на комисијата.

Во изборот за најдобар цртеж учествуваа околу 1.000 ликовни творби пристигнати од двете детски градинки и од основните училишта на територијата на Општина Аеродром.

Ученици кои беа наградени од нашето училиште се: Алексеј Шишковски 3б одделение (второ место-одделенска настава)-ментори: Маја Буклеска и Даница Марковска; Магдалена Бојаџиева 7а одделение (второ место-предметна настава)-ментор: Сузана Јовановска; Стефан Цветковски 4а одделение (пофалница за инспиративен цртеж)-ментор: Маја Јовановска.

Инаку, на свечената академија, која се одржа под покровителство на вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи, присуствуваше и амбасадорот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Аиво Орав.