Промовирање на сообраќаен буквар

                  На ден 25.10.2012 год. во ОУ„Димитар Македонски“, беше промовиран сообраќајниот буквар од страна на сообраќаен полицаец со учениците од вторите одделенија и во соработка на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Учениците со целосно внимание го проследија едукативниот филм за правилата во сообраќајот и беа во постојана комуникација со сообраќајниот полицаец преку конкретни прашања и одговори.

    На тој начин целта –Учениците да се запознаат со основните правила  во сообраќајот, како и да ги усовршат веќе стекнатите, беше постигната.