По повод одбележување на Интернационалниот месец за  орално здравје,преку проектот „За повеќе насмевки“ во соработка со здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните  „ПРЕВЕНТУС“ и ПЗУ „Д-р Нина Митева“ на ден 26.10.2012г.(петок) во нашето училиште беше одржано едукативно предавање со шестите одделенија од страна на сручни лица од областа на стоматологијата.

     Учениците преку практични вежби ги проширија своите знаења како да ја одржуваат оралната хигиена. Истите беа анкетирани со анонимен прашалник колку тие се грижат за своите заби и им беа доделени едукативни флаери.