Денес  14. 01. 2013 година (понеделник)  во ОУ„Димитар Македонски“ се одржа презентација за работењето на ,,SМАRT boardтаблата.

Наставниците преку презентација се запознаа со начинот на работење на  ,,SМАRT board таблата и истите беа воодушевени од можностите што ги нуди за реализација на наставните содржини.

Наставниците  нестрпливо чекаа да пробаат како функционира истата, да пребаруваат и ги откриваат начините за работа.

Голема благодарност до Министерството за образование и наука за укажаната доверба  што дополнително ја поттикнаа креативноста и иновативноста на нашите наставници.

Остануваме верни на иновативната настава со примена на ИКТ.

ВИДЕО