По повод новогодишните празници, инспирирани од предновогодишната атмосфера,  учениците од трето-б одделение, заедно со своите наставнички изработија новогодишни лампиони со кои ја украсивме елката во нашата училница. Лампионите ги изработија од пластични шишиња кои ги боеја и украсуваа со светки, но се изработија и разни новогодишни изработки со кои се украси училницата. На крајот се изработија и прекрасни честитки во кои се запишани детските желби и адресирани до домот на Дедо Мраз.