Во месец декември во соработка со Југоисточниот Европски универзитет во Тетово и Британски Совет во Македонија,по седми пат беше распишан конкурс за пишување на есеј на англиски јазик на тема„Патување со временска машина“.Со ова беа охрабрени сите ученици од седмите и осмите одделенија да земат активно учество со свои изработки,односно текстови.Од нашето училиште учество зедоа неколку ученици од седмите и осмите одделенија и на наше огромно задоволство ученичката Јованка Кузмановска,која што е ученичка во осмо одделение,најпрво го освои првото место на регионално ниво,а потоа го освои исто така првото место на државно ниво.
Поради тоа,во Југоисточниот Европски универзитет во Тетово беше организирано свечено доделување на наградата од страна на директорот на овој универзитет и на кое што доделување присуствуваа и други добитници од други категории,како и истакнати професори и ментори од оваа област.Самиот чин претставуваше еден свечен момент каде што трудот и талентот на нашата ученичка беа вреднувани со највисока награда.
Предметен наставник
Оливија Жежова