Одбележување на Светскиот ден за заштита на водите-22 март 2013 година под мотото „Соработувај за безбедна вода“.

Видео

 

Соработувај за безбедна вода

Таинствена материја „од природата за природата“ од длабочините на земјата па сè до далечината на небото. Таа ја претставува активноста на природата, животот и љубовта. Материја со чувство на свежина, мирис на убавина и вкус на вода…

Водата е дел од нас и дел од целата флора и фауна на нашата планета. Сопственик е на 71% од земјината површина и две третини од човековото тело. Составена од водород и кислород ѝ го должиме постоењето на нашиот мал свет. Извор е на среќа, радост, светлина и слобода. Ова е вистина која не смееме да ја заборавиме иако стремежот за повеќе метеријални добра нè тера на спротивното. Особено личниот профит од тешката метална индустрија како и нафтената индустрија придонесуваат за загадување на животната средина во која се вбројува и бистрата минерална вода. Фабриките и индустриските зони најчесто немаат еколошки филтри и помагала со цел зачувување на чистотата на водата. Тоа пак влијае на нашата исхрана преку системот за наводнување кој црпи дел од водата во реките со цел наводнување на земјоделските култури. Како едни од главните загадувачи на водата можеме да ги вброиме и канализацијата заедно со септичките јами кои не само што ги загадуваат реките и живиот свет во нив, туку ги загадуваат и водите околу нас кои индиректно ја загадуваат и водата во нашите славини.

Од нас како единствено разумно суштество се очекува да го сопреме овој процес на загадување и уништување на оваа земја. Само со нега и љубов, најпрво кон самите себе, а потоа и кон целиот жив свет, можеме да ја зачуваме бистрата вода. Заштитувајќи го овој вреден дар на природата можеме само да обезбедиме подолга и посреќна иднина за нашата планета.

Штеди вода, спаси живот и спаси ја планетата земја.

 

Изработи:

Заревска Дона 7б одд.

ОУ„Димитар Македонски“

Општина Аеродром, Скопје

ПРВО  МЕСТО  ЗА  ДОНА  ЗАРЕВСКА ОД ОУ „ДИМИТАР МАКЕДОНСКИ“

НА ТЕМА „СОРАБОТУВАЈ ЗА  БЕЗБЕДНА ВОДА“

    По повод светскиот Ден на водата  во соработка со Институтот за јавно здравје на Република Македонија беше распишан литературен и ликовен  конкурс  на тема „Соработувај за безбедна вода“.

Ученичката Дона  Заревска освои прво место за проза.

Исто така по повод Светскиот ден на водите во училиштето се организираше предавање за учениците од V одделение на тема „Вода за здравје“ со предавач од Институтот за јавно здравје