Државен натпревар по географија
Оваа година на тринаести април беше одржан државниот натпревар по географија. Една наша ученичка од осмо одделение, Тијана Стојческа, учествуваше на овој натпревар и освои осумдесет и пет бода. Со освоените бода таа од сто и осум ученици таа го завзема седмото место. Овој настан се одржуваше во средното угостителско училиште на град Скопје „Лазар Танев“. Во истиот ден неколку часа подоцна беше одржано и свечено доделување на наградите кои се состоеа од диплома за освоеното место и географска карта за проширување на знаењата на учениците во пределот на географијата.