На 28.3.2015 година нашето училиште беше домаќин на овогодинешниот Регионален натпревар по математика. На натпреварот земаа учество 209 ученици, од училиштата на територијата на општина Аеродром и општина Кисела Вода.
И ученици од ООУ„Димитар Македонски“ беа дел од наградените, и тоа:
Меланија Филиповска IV одделение I место, ментор: Мери Џековска
Дамјан Јанчевски VI одделение II место, ментор: Маја Велева
Христина Трајческа VII одделение Пофалница, ментор: Јулијана Тодоровска
Марија Јордановска VII одделение Пофалница, ментор: Јулијана Тодоровска