Во нашето училиште, се реализираше проект под покровителство на ЕВН Македонија,за формирање на Зелен енергетски клуб и едуцирање на учениците за штедење на електрична енергија. Во проектот беа вклучени 25 ученици од 4,5 и 6 одд. Проектот траеше 3 месеци, а во неговиот завршен дел се одржа отворен ден во нашето училиште на кој учениците делеа флаери и ги подучуваа своите соученици,наставн2015-05-19 15.57.452015-05-19 15.53.572015-05-19 12.35.15 2015-05-19 15.51.02ици и родители како да штедат електрична енергија. Финалниот дел од проектот се одржа во Струга на 19.05.2015 год.каде 5 ученика (Дамјан Јанчевски, Анамарија Шошкоска, Теона Цакончева, Ема Кралевска и Теодора Чокузовска ) учествуваа на квиз натпреварот,и во конкуренција од 12 училишта го освоивме првото место. Учениците беа наградени со таблет компјутери.
Координатор на проектот – Каролина Насковска, проф. по биологија