Селектирај страна
На ден 24.11.2015 година, учениците од четврто одделение ја посетија Македонската радио телевизија! При посетата учениците видоа повеќе студија каде што можеа да се запознаат со видовите емисии, начинот и текот на снимање на емисија, начинот на пренесување на информациите до слушателите и гледачите, се запознаа со медиумот како институција.
Изразуваме голема благодарност до МРТ што ни овозможија да се реализира предвидената посета.