Ученици од деветите одделенија од нашето училиште ја посетија ПАЛАТА НА СОБРАНИЕТО на Република Македонија. Оваа посета беше реализирана како активност во рамките на наставната програма Граѓанско образование со наставничката Соња Георгиевска.

 

 

Дел од просториите кои им оставиле најголем впечаток ги забележале со фотографии, кои ги споделуваме и може да ги видите подолу…

-„Кристална сала“ е прекрасен голем простор со високи тавани на кои има огромни кристални лустери.

20151120_130140

-„Спомен соба“- направена во чест на 60-годишнина на здружението АСНОМ. Спомен собата беше една од нашите омилени, бидејки можеше да се види историјата на Македонија и парламентот.

-Ја разгледавме „Охридска соба“. Соба, полна со дрворезби на таваните, вратите и ѕидовите, направени од мајстори и резбари од Охрид.
Освен „Охридска соба“ исто така ја имаме и „Струшка соба“. Во неа се пречекуваат претставници на помали здруженија.