Во соработка со приватната детска градинка IPS – Карпош, реализирана е посета на нашето училиште со цел запознавање на децата со училиштето, да се запознаат што ги очекува и како да се подготват за следната учебна година во прво одделение. Во организација и реализација на одделенски наставник Маја Буклеска дечињата од предучилишна возраст се запознаа со ресурсите што ги поседува нашето училиште. Беше реализиран час на Smart board, запознавање со бројот 7. За успешно завршениот час гостинчињата добија сертификати и скромни подароци. Си заминаа исполнети, среќни и задоволни, во исчекување на првиот училишен час.