Во склоп на проектните активности по ликовно,учениците ја  посетија најновата уметничка поставка на македонскиот сликар  Свето Манев во Културно Информативниот Центар во Скопје.

На платната на Манев беа претставени бели и сиви елегантни  студиозни коњи кои галопираа, поточно јаваа беспросторно и безвремено.

Учениците ги фотографираа делата што им се допаѓаа, со цел во есејска форма да ги пренесат впечатоците како од поставката, така и од амбиентот какво доживување предизвикува кај нив.

Во склоп на уметничкиот центар учениците го посетија и изложбениот салон од мешани автори, при што кустосот беше љубезна каде поединечно им ги објаснуваше ликовните техники и правци. Учениците поставуваа прашања и водеа свои белешки кои ќе им помогнат да напишат ликовна критика за некое дело како задача во склоп на проектните активности.

01- посета на изложба од Свето  Манев 4- во посета на изложба од Свето  Манев 5 - проектни активност по ликовн-  во посета на изложба во КИЦ 20- посета на изложба од Свето  Манев