Во соработка со родителите учениците од четвртите одделенија ја посетија печатницата „Стеда графика“ со цел да се запознаат со видовите хартија, начинот на печатење, патот кој треба да помине од идеја до реализација за да се испечати една книга како готов производ за читателите. Ова искуство беше многу интересно и корисно како за учениците така и за наставниците.
Им благодариме на вработените во „Стеда графика“ за успешната соработка и топлото добредојде!