[ngg_images source=”galleries” container_ids=”7″ display_type=”photocrati-nextgen_basic_slideshow” gallery_width=”600″ gallery_height=”400″ cycle_effect=”fade” cycle_interval=”5″ show_thumbnail_link=”0″ thumbnail_link_text=”[Show thumbnails]” order_by=”sortorder” order_direction=”ASC” returns=”included” maximum_entity_count=”500″]Ноември е месец на науката и по тој повод, во организација на Друштвото на физичари, Сојузот на хемичари, Македонско астрономско друштво, Друштвото на билози и Македонското географско друштво, во соработка со Природно – математичкиот факултет во Скопје, од 18 до 20.11. 2016 год. во Скопје се одржа манифестацијата „Ноември-месец на наука“ наменета за учениците од основните и средните училишта.
Оваа манифестација имаше натпреварувачки карактер.

Ученици од ООУ,,Димитар Македонски“ Аеродром -Скопје се натпреваруваа во презентирање на практични проекти и  во решавање на „тест по природни науки“ кој се состоеше од  повеќе прашања од предметите биологија, физика, хемија и географија.

Ученичката Меланија Филиповска од  6 одделение освои 1 награда за проектот по природни науки Пуканки во природа

Ученичката Миа Чучак од 6 освои 2 награда за проектот по природни науки Спротивставување на гравитацијата 

Ученичката Дебора Стојковска од 8 одделение беше пофалена за проектот Докажување на ДНК во плунка кај човек,како и за успешно изработен тест на знаење од природните науки.

Ментор на наведениве ученици е наставникот по биологија и природните науки Каролина Насковска.

Учениците Теодора Дамчевска, Дамјан Јанчевски и Анамарија Шошкоска од 8 одделение освоија 2 награда за експерименти во хемијата.Тие го одбранија проектот АНТОДАМ-еколошко средство за  чистење мебел под менторство на наставникот по хемија Снежана Стефановска.

Освен натпреварувачкиот дел, на манифестацијата организирана беше и посета на лабораториите на Природно-математичкиот факултет.

Целта на манифестацијата беше да се популаризираат  природните науки и да се пробуди интересот кај учениците за нив.