И оваа учебна година учениците од ООУ „Димитар Македонски“, Скопје земаа учество преку повеќе активности во одбележување на Денот на безбеден интернет- 07.02.2017, преку прокетот  „Недела на информатиката“.

Учениците од 6то и 7мо одделение пројавија особен интерес за QR предизвикот: се трудеа да ги откријат кодираните прашања кои беа поставени во повеќе училници и што побрзо да ги одговорат. Прашањата беа во вид на QR кодови. Учениците работеа во мали групи, при што до израз дојде натпреварувачкиот дух помеѓу учениците и групите.

DSC_0009_2DSC_0016_1DSC_0014_1DSC_0007_2DSC_0013_1DSC_0011_1DSC_0008_2DSC_0001_3DSC_0004_3DSC_0002_3DSC_0003_2DSC_0018_1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не беше помало ниту задоволството од учеството во Kahoot предизвикот. Учениците покажаа дека посебно задоволство им е да користат мобилни апликации, и воедно одлично се снаоѓаат со нив. Преку одговарање на прашањата од материјалот за 6то и 7мо одделение, повторно дојде до израз натпреварувачкиот дух меѓу учениците. Посакаа почесто да има слични активности, како дел од наставните и воннаставните активности по сите предмети.

Учениците од 6то одделение ги проследија и презентациите „Моќта на фотографијата“, при што се разви продуктивна дискусија и учениците јасно ги разбраа пораките од презентациите.

 

Наставник по информатика

Јулијана Тодоровска