Учениците од 2-а, 2-б, 3-а и 3-б одд. од ООУ „Димитар Македонски“ -Скопје на ден 16.02.2018 година го посетија Театар за деца и младинци и ја проследија театарската претстава „Цветната улица“.
Следењето на театарската претстава имаше за цел да се применат знаењата од подрачјето Медиумска култура кои се изучуваат на часот по македонски јазик. Воедно кај учениците да се развијат навики за културно однесување во театар, како и љубовта кон театарот и глумата.
Претставата беше проследена со голем интерес и воодушевување од страна на учениците.