Учениците од 3-а и 3-б одд. од  ООУ „Димитар Македонски“- Скопје на ден 24.11.2017г одина ја посетија Библиотеката „Рајко Жинзифов“ нас. Лисиче-Скопје.

Посетата беше искористена за запознавање на децата со работата на библиотеката како културна установа, нејзините оддели, начинот на издавање на книгите и кој се може да биде член на библиотеката. Исто така беа разгледани магацинот за чување на книги, детската библиотека и малата читална. На учениците  им беа прочитани неколку песни од страна на нивни соученици.

Со цел- Да стекнат знаења за библиотеките, нивната функција, да се развие љубов кон книгата и навики за читање на книги.

Учениците исто така земаа активно учество преку прашања до библиотекарката на кои добија конкретни одговори. Посетата се одвиваше во мирна  и пријатна атмосфера.