Учениците од 4- а и 4-б одд. од ООУ„Димитар Македонски“ -Скопје на ден 5.12.2017 година го посетија кино Милениум и ја проследија премиерата на анимираниот филм „Коко и големата тајна“
Следењето на филмот имаше за цел да се применат знаењата од подрачјето Медиумска култура кои се изучуваат на часот по македонски јазик. Воедно кај учениците да се развијат навики за културно однесување во кино.
Филмот беше проследен со голем интерес и воодушевување од страна на учениците.