На ден 14.2.2018 год.учениците од IV-a и IV-б одд. ја посетија месната заедница која се наоѓа во нашата населба и се запознаа со нејзината работа и одговорност која ја имаат кон граѓаните и жителите на населбата. Потоа,следуваше прошетка низ населбата и запознавање,појаснување на институциите кои се наоѓаат во неа, како и разгледување на план на градот Скопје, кој е поставен на видно место во нашата населба.