На 19.10.2017 одржана е хуманитарна акција „Ден на гладта“ по повод 16-ти октомври – Светски ден против гладта. Во соработка со Црвениот Крст, училиштето ООУ „Димитар Македонски” зеде учество во хуманитарната акција за помош на ранливи групи на семејства и луѓе кои имаат недостаток од храна. Беше спроведена акција во времетраење од пет дена, во која учениците уште еднаш го разбудија хуманиот инстинкт кај нив и донираа парични средства и прехрамбени производи. Акцијата заврши со успешен резултат и постигната цел.