Ема Тренчевска, ученичка од 6а одделение во нашето училиште и членка на карате клубот „Олимпик“- Скопје, освои II место на Државно првенство во карате, кое се одржа во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци. И честитаме на Ема на наградата и и посакуваме уште поголеми успеси на спортски план и понатаму.