С О О П Ш Т Е Н И Е
За запишување на ученици во прво одделение во учебната 2018/2019.
Во прво одделение се запишуваат деца родени во 2012 година кои до крајот на каледнарската година ќе наполнат 6 години и деца родени до 31.01.2013 год. По претходно барање на родител и добиено мислење од педагог и психолог.
Основното училиште ги опфаќа учениците од својот реон утврден од основачот на основното училиште.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
- Извод од матична книга на родените.
- Потврда за примени задолжителни вакцини издадена од надлежна здравствена установа.
- Потврда од систематски преглед на оралната празнина од стоматолог др. Ана Тафчиоска од амбуланта Лисиче.
- Задолжително присуство на ученикот и еден родител.
Уписот започнува од 02.05.2018 год. и ќе трае до 31.05.2018 год. во просториите на училиштето.
За други информации може да се обратите кај стручната служба во училиштето или на телефон 2440011 и на e-mail
psiholog@oudimitarmakedonski.edu.mk,
pedagog@oudimitarmakedonski.edu.mk,
dimitar_makedonski@yahoo.com .
В. Д. Директор
Јулијана Тодоровска