На 18 и 19 април 2018 година изведена е дводневна научна екскурзија низ Источна Македонија со ноќевање во Дојран. На екскурзијата присуствуваа 61 ученик од шестите одделенија. Екскурзијата ја оствари својата цел- запознавање со убавините на Источна Македонија, јакнење на самостојноста, самодовербата, како и развивање на почит кон природното и историско наследство.
Учениците ги посетија градот Кратово со неговите знаменитости, манастирот Водоча-женски манастир единствен изграден во низина, Колешинските водопади, градот Дојран, манастирот св. Илија (во кој учениците уживаа во акустиката на објектот постигната од вградените стомни во ѕидовите), ТЕЦ Неготино и локалитетот Стоби.