Од 6- 21 октомври се одбележува настанот Недела на кодирање. EU Code Week е иницијатива која има за цел да ги приближи кодирањето и дигиталната писменост до сите на забавен и интересен начин.
И нашето училиште ќе земе учество во одбележување на настанот, со работилница за наставниците од одделенска настава кои го предаваат предметот Работа со комјутер и основи на програмирањето.