Детската недела се одбележува во сите држави членки на ООН во првата полна недела од месецот октомври.
Оваа година Детската недела во Р. Македонија е од 1 до 7 Октомври 2018 година.
Во Рамките на Детската недела, која што е и законска манифестација наменета за децата согласно член 221 од Законот за заштита на децата, (Sl.vesnik na RM br.23/2013) се спроведуваат низа активности како на Републичко ниво, така и во рамките на секое училиште.
За оваа година мотото врз која база ќе биде водена манифестацијата Детска недела е:
Градиме мостови, чекориме напред!
Денес, на 5 Октомври 2018 год. е денот на приемот на првачињата во Детската oрганизација во нашето училиште. Во училиштето беше организирана културно уметничка програма во чии рамки беше прочитано детското ветување
ВЕТУВАЊЕ
Во овој момент в
Ветувам на сиот глас
Дека моите наставници
Ќе ги почитувам јас.
Секоја задача ќе се обидам
Со леснотија да ја решам
Но ве молам, простете,
Ако некогаш згрешам.
Во овој момент
давам чесен татковински збор
Ќе се дружам со другарчињата
Во училишниот двор.