Дабар е интернационален натпревар наменет за ученици од основните и средните училишта, кој има за цел да ја промовира информатиката и сродните науки. Истиот се организира во повеќе држави и е еден од најпопуларните натпревари во светот. Со цел да се промовира оваа активност и во Република Македонија, и оваа година се приклучи и нашето училиште. На тој начин заедно можеме да ги промовираме компјутерските науки кај учениците, со што ќе придонесеме за нивниот развој. Во нашето училиште во натпреварот учествуваа ученици од второ, трето, четврто и петто одделение. Натпреварот почна да се реализира од 12.11.2018 година, а заврши на 15.11.2018 година.