Од 8-15.12.2018 година тимот од нашето училиште, составен од Директорката, психологот и наставник по англиски јазик, ќе присуствува на координативен состанок за Проектот “Употреба на социјални медиуми, рационално, ефективно и безбедно” (“Using Social Media Rationally, Efficiently and Safely”) под програмата Еразмус+, Клучна акција 2: Партнерства за училишни размени, во Мерсин, Турција.
Учениците и наставниците од нашето училиште беа запознаени со целите на проектот, очекуваните резултати и активностите кои следат.
Преку информативен постер кој е поставен во училиштето и на веб страната на училиштето, е симболично претставено партнерството меѓу нашето училиште и училишта од Турција, Полска, Португалија и Хрватска.
За сите активности кои ќе се реализираат во рамките на проектот, редовно ќе информираме на нашата веб и Facebook страница.