Во текот нa месец октомри 14 ученици од IV –в одделение беа вклучени во активности за реализација на проектот „А MAGICAL INTERCULTURAL FRIENDSHIP NETWORK“ или „Волшебна интеркултурна мрeжа на пријателства“
Во проектот се вклучени повеќе училишта од сите држави од цел свет.
Светот е голем. Се простира на 7 континенти. Некои од нас никогаш не патувале во други држави, а и на други континенти. Сепак денес постои Интернет и можност да научиме нешто повеќе едни за други и да ги срушиме предрасудите за другите нации и народи. Мултипреспективниот карактер, интеркултурното образование е истакнат во специфични цели низ „четирите столбови на образованието“ кое се идентификува во Меѓународната комисија за образование во 21 век.
Целите на проектот се:
Учам за да знам
Учам за да работам
Учам за да живеам заедно со другите
Учам за да бидам сестрана (развиена личност)
Во текот на два месеци учениците истражуваа за континенти, држави, нивните култури, традиции, јазици, народи, религии, споменици, музика, игри, храна. Учениците работеа на 8 задачи.
Прва задача: Истражувавме за Р.Хрватска-знаме, грб, музика, носии, главен град, институции, споменици.
Втора задача: Истражувавме по една држава од сите континенти, изработивме виртуелна карта на светот. https://www.thinglink.com/scene/111541997128384512
„Парчиња на светот во нашата училница“ Во нашиот тим имаше 7 пара деветгодишни ученици, па затоа избравме 7 земји: Индија, Норвешка, Мексико, Италија, Турција, Австралија и Бразил . 7 земји од 4 континенти, 6 различни јазици. Патувавме во сите земји, пребраувавме за културни споменици, религии, музика, храна. Ги научивме главните градови на сите држави, а сето тоа беше во нашата училница денес и тоа беше неверојатно патување!
Ги направивме нашите извештаи на “Глобалниот ѕид”, многу се забавуваме, ја слушавме нивната музика.
Трета задача: Изработивме две книги на волшебни зборови.
Четврта-петта задача: Беше направена магичната карта
Шеста задача: „Плетевме мрежа на пријателства“.
Контактиравме со училишта од Р.Хрватска, Р.Босна и Херцеговина, Р.Србија и Р. Турција. Имавме скајп комуникација, пишувавме писма и честитки
Седма задача: „Твоето малку на некој многу му значи“
Учениците изработуваа перничиња (срциња) со карактеристични елементи на различни држави и истите изработки ќе бидат продавани на хуманитарниот новогодишен базар кој ќе се реализира во нашето училиште следната седмица.
Осма задача: Беа изработени постери со фотографии од активностите кои беа реализирани во изминатиот период.
Девета задача: Изработивме видео.
https://www.youtube.com/watch?v=yeMQZFbp_ek
Сите изработки се поставени во ходникот во училиштето и на www.blogbrankica.weebly.com
Изготвила,
Бранкица Костадиноска