На ден 26.2.2019 (вторник) се реализираше посета на на библиотеката „Браќа Миладиновци”’ во населбата Лисиче со ученици од 5-то до 9-то одделение заедно со библиотекарот на нашето училиште Татјана Лаброска. Таму беше  остварена средба со писателот Горјан Петрески и разговор за неговите познати дела како и за актуелните лектирни изданија како што се  „Марта”, „Исти очи”, „Снеговите на Клементина Евин”, „Споменка”, „Спомените на Споменка” и други. Беше изведено литературно читање од страна на писателот како и запознавање со неговата биографија, Учениците со голем интерес беа вклучени во дискусијата што се одвиваше меѓу нив и пистелот, поставуваа прашања. На оваа средба беа присутни и ученици од училиштето „Гоце Делчев” од село Горно Лисиче со нивната библиотекарка Сузана Кулеска со што се оствари и меѓуучилишна средба и соработка за која се надеваме и во иднина ке продолжи.Учениците од двете училишта имаа прилика да се запознаат со книжниот фонд на библиотеката и беше договорена соработка. Целта на ова посета беше да се запознаат со писателот, библиотечниот фонд како и тоа да се развие интерес  и љубов кај учениците кон пишаниот збор.

     Ваквата соработка ќе продолжи со голем интензитет и во наредниот период.

[ngg src=”galleries” ids=”19″ display=”basic_imagebrowser”]