Учениците од ООУ „Димитар Македонски“-Скопје на ден 5.4.2019 година (петок) гостуваа во училишната програма „Ѕвон“ на МТВ.  Тие се претставија со активности кои се дел од нашето училиште, како химна за училиштето, драматизации, монолог, рецитали, отсвирени мелодии со повеќе инструмени и ритмичка изведба. Исто така училиштето се промовираше преку реализираните проекти и успесите кои ги постигнуваат учениците на многубројните  натпревари во повеќе области. Голема благодарност и за наставничките Александра, Драгана и Бранкица, кои се потрудија учениците да го претстават училиштето на најдобар можен начин.

[ngg src=”galleries” ids=”20″ display=”basic_thumbnail”]