На 18.4.2019 година, во ТЦ „Капитол мол“ ученичките Ема Мицевска од 8мо одделение и Леона Стојкоска од 3 одделение, заедно со нивните ментори Сузана Јовановиќ, наставник по ликовно образование и Маја Христова, одделенски наставник, земаа учество на ликовниот хепенинг на кој децата од детските градинки и учениците од основните училишта од Општина Аеродром цртаа на тема: „Моите соседи како мои пријатели“. Хепенингот беше во организација на Општина Аеродром, Европското движење, Европската делегација и ТЦ „Капитол мол“ по повод прославата на 9 Мај, Денот на Европа.

[ngg src=”galleries” ids=”21″ display=”basic_thumbnail”]

http://www.aerodrom.gov.mk/vest/2113?fbclid=IwAR38z1gv5-CJ2hpXOSFOycOJw-hlhhyFudzrgmR6hUnnbtrW6YWJ-kFTKfA