ООУ „Димитар Македонски“, о.Аеродром- Скопје, заедно со ПОУ „д-р Златан Сремец“   и ССОУ „Моша Пијаде“ – Тетово, во периодот од 23.03.-29.03.2019 год во Мадрид, Шпанија успешно ја реализираа обуката во рамките на Проектот „Игрификации во образованието“, финансирана од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност и мрежата Еразмус+.
Во рамките на овој проект, на 24.04.2019 (среда) со почеток во 13.30.ч во просториите на нашето училиште извршена е дисеминација на содржината на обуката.
На дисеминацијата поканети беа и присуствуваа наставници од сите училишта на територијата на општина Аеродром, со цел да се стекнат со базични знаења  за иновативни начини на дигитално учење и користење на учење базирано на игра, со цел создавање на постојани структури и модели за иновации за дигитална трансформација (употребата на таблети и учење базирано на игра во образованието) и да се запознаат со концептите и алатките кои се важни за користење на учење базирано на игра во образованието.