Врз основа на член 46, 47 и 50 од Законот за основно образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016 и 67/2017) и член 22, 23 и 25 од Статутот на училиштето, директорот на ОOУ „Димитар Македонски“ ја донесе следната одлука за распишување на

 О Г Л А С

За запишување на ученици во прво одделение за учебната 2019/20 год.

  1. Децата во прво одделение во основното училиште се запишуваат во месец мај.
  2. Во прво одделение на основното училиште родителот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.
  3. По исклучок, детето може да се запише во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.
  4. При запишувањето во прво одделение родителот треба да достави;

-потврда за примени задолжителни вакцини на детето,

-извод од матична книга на родените,

-потврда за систематски преглед на оралната празнина од стоматолог др. Ана Тафчиоска од амбуланта Лисиче.

 

 

 Директор

Јулијана Тодоровска