Почитувани ученици и родители,
Ве известуваме дека новата учебна година започнува на 02.09.2019 год.(понеделник).
Учениците од одделенска настава започнуваат со прва смена од 7,30 часот, а учениците од предметна настава со втора смена од 12,30 часот.
Приемот на првачињата ќе започне во училишниот двор во 9,30 часот, а приредбата ќе биде во фискултурната сала со почеток во 10,00 часот.
Потоа првачињата со своите наставници и родители ќе се упатат во училниците на кратка родителска средба.
Директорот, стручните соработници, сите наставници и останатите вработени Ви посакуваат среќен почеток на новата учебна 2019/2020година.
Август, 2019 Директор, Јулијана Тодоровска