Од почетокот на 2018 година училиштето „Димитар Македонски“ има пристап за користење на Office 365 Education, бесплатен пакет на хостирани услуги и апликации на Мајкрософт, наменети за образовни потреби. Програмата им обезбедува на институциите за образование збир на хостирани услуги за соработка, алатки за комуникација и апликации за мобилни, компјутери, како и можности за складирање на податоци. Во пакетот се вклучени апликации на Microsoft за соработка, вклучувајќи: Веб верзии на Word, PowerPoint, Excel, OneNote, Outlook, OneNote, One Drive,Teams, Swаy, Forms, Class Notebook и др.

Апликациите се користеа и пртходната учебна година, но за првпат оваа учебна година со учениците од V – в одделение беше креирана група Teams, каде членуваат сите ученици. Оваа група се користи за комуникација со ученици, родители, споделување на материјали за учење, наставни листови,  проверка на постигнатите знаења и др.

Во текот на месец септември за првпат во наставата применив компјутерско тестирање на учениците преку апликацијата Froms.

Апликацијата   OneNote се користи за планирање на наставата, подготвување на часови, планирање на часови, квизови и др.

Одделенски наставник,

Бранкица Костадиноска

[ngg src=”galleries” ids=”30″ display=”basic_imagebrowser”]