
Со новиот концепт за граѓанско образование, нашето училиште е вклучено во програмата од БРО, чиј фокус е на граѓанските вредности и практикување на демократското однесување.
Училиштето се вклучи со активност која е испланирана во Годишната програма на училиштето. Активностите се со цел да се промовира ученичкото учество и ученичките иницијативи за преземање на активности за позитивна промена на ниво на училиште и заедницата, како и поттикнување и зајакнување на демократската клима во училиштата.
Во рамките на активностите е и Отворениот ден за Граѓанско образование. На овој ден присуство ќе земат поголем број на гости кои со задоволство ја прифатија нашата покана. Особена чест ќе ни биде доколку и родителите присуствуваат на овој настан.